Рекордни загуби: Премиерлигашите останаа без 500 милиони фунти, а можат да загубат уште толку

Фото: Премиер лига/Твитер

Во просек секоја екипа од Премиер лигата во оваа година може да остане без најмалку 50 милиони фунти.

Премиер лигата се враќа на 17. јуни што претставува мала победа над пандемијата на коронавирусот во земјата каде и премиерот Борис Џонсон беше позитивен на ковид-19.

Иако во Англија која е колевка на фудбалот, фер-плејот отсекогаш имал приоритет, желбата е шампионот да се добие на теренот, сепак инсистирањето да се доигра сезоната лежи во економскиот аспект, односно намалување на финансиските загуби на екипите.

Според „Дилојт“, екипите од Премиер лигата во минатата 2018/19 сезона заработија рекордни 5.9 милијарди евра, што претставува раст од девет проценци во однос една година порано. Но, коронавирусот и прекинот на натпреварувањата донесоа загуби од неколку стотици милиони фунти кои може да се удвојат до крајот на 2020 година.

Според „Дилојт“ екипите останаа без 500 милиони фунти приходи, а се соочуваат со дополителна загуба исто така од 500 милиони фунти.
Околу две третини од загубите се поврзани со пенали, односно недобивање на пари од носителите на ТВ правата и останатите спонзори на лигата бидејќи и тие се без приходи во изминатите три месеци.

Останатата третина од загубите е поврзаната со влезниците и приходите кои екипите ги остваруваат на денот на одигрување на натпреварот. Покрај влезниците, тука се и сувенирите, дресовите, храната, пијалоците и се што може да им се наплати на навивачите.

Во просек секоја екипа ќе остане без најмалку 50 милиони евра и затоа е клучно наредната 2020/21 сезона да се игра според планот, односно со навивачи на трибините и без „втор бран“ на коронавирусот.

– Очекуваме пандемијата на коронавирусот значајно да ги намали приходите. Клубовите се соочени со нови негативни чекори, како што се намалување на цената на ТВ правата, потоа загубата на приходите од влезниците и останатите приходи поврзани со натпреварите. Има многу шпекулации што ќе се случува во вториот дел од годината, но нашата проценка е дека екипите ќе заработат двојно помалку од досегашните приходи посебно кои се прават од навивачите. Минатата сезона тие приходи изнесуваа околу 680 и 700 милиони фунти, а во оваа и наредната тие би биле намалени на 350 милиони фунти – вели Ден Џонс од Дилојт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот