РЕКОРДНИ ТРАНСФЕРИ: Најскапиот тим во историјата на фудбалот! (ФОТО)

twitter.com/marca

Трансфери кои тешко се достигнуваат, во овој список доминираат фудбалерите од Премиер лигата, по двајца од Манчестер јунајтед и Манчестер сити, и по еден од Ливерпул и Челзи. По двајца играчи имаат Барселона и ПСЖ, а еден Баерн Минхен.

„Црвените ѓаволи“ го ангажираа досегашниот одбранбен фудбалер на Лестер сити за сума од 88 милиони евра и така беше надминат рекордот кој го држеше Вирџил ван Дијк.

Шпанската „Марка“ одлучи да направи состав од најскапите фудбалери на светот. Во овој тим се наоѓаат играчи кои остварија рекордни трансфери и станаа најскапите на светот на своите позиции.

marca.com/

На местото голман е Кепа Аризабалага за кој Челзи плати 80 милиони евра, додека во одбранбениот дел се Кајл Вокер (53 милиони евра), Виржил ван Дијк (85 милиони евра), Хери Мегваер (88 милиони евра) и Лукас Ернандез (80 милиони евра).

Во средниот ред се Пол Погба (105 милиони евра), Родри (70 милиони евра), Френки де Јонг (75 милиони евра), а во нападот Филипе Кутињо (145 милиони евра), Килијан Мбапе (180 милиони евра) и Нејмар (222 милиони евра).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот