Рекордни патници на аеродромот во Тирана, 5,2 милиони патници за 9 месеци

Аеродром Тирана / Фото EPA-EFE/MALTON DIBRA

Аеродромот во Тирана постави нов рекорд. Бројот на патници на овој аеродром до 25 септември е зголемен на 5,2 милиони. На овој начин го надмина рекордот од претходната година, пренесува Стоп.ТВ Клан.

„Рекорден: Бројот на патници на ТИА (Аеродромот во Тирана) до 25 септември 2023 година е зголемен на 5,2 милиони, надминувајќи го рекордот од претходната година во декември 2022 година, а сè уште не сме готови“, соопшти ТИА.

Зголемувањето на големиот број патници доаѓа и како резултат на успешната летна туристичка сезона која годинава трае до октомври. Од јануари до август, властите процениле дека во Албанија влегле 7,2 милиони странци, 27 отсто повеќе од минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот