Рекордни ковид-бројки во Русија трет ден по ред, нема најава за нови мерки

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Бројот на новозаразени со коронавирусот во Русија денеска, трет ден по ред, е највисок од почетокот на пандемијата, но големиот број на нови случаи на инфицирани со сојот омикрон не резултира со преполнување на болниците, па властите не размислуваат за нови рестриктивни мерки.

Националниот тим за коронавирусот пријави 63.205 новозаразени во изминатите 24 часа, што е за дури 25 отсто повеќе од петокот, кога исто така беше забележан црн рекорд. Во изминатиот ден во Русија од ковид-19 починале 679 луѓе, што е бројка слична на онаа забележана во изминатите денови.

Сојот омикрон досега е потврден во 64 од вкупно 89 региони во земјата, а властите очекуваат тој наскоро да стане доминантен.

Околу половината од 146 милиони жители на Русија се целосно вакцинирани, иако земјата беше меѓу првите во светот кои ја одобрија и ја применија вакцината против вирусот.

Според проценките на веб-страниците кои го следат процесот на вакцинација во Русија, околу 8,8 милиони луѓе примиле и трета доза од вакцината.

Во Русија од почетокот на пандемијата се забележани 326.112 смртни случаи поврзани со ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот