Рекордни 858 милијарди долари- Буџетот за одбрана на САД во 2023 година 45 милијарди поголем од предлогот на Бајден

Сенат во Сад/ Фото: ЕПА

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска го усвои Законот за овластување за национална одбрана или NDAA, со кој се создаваат услови буџетот за одбрана следната година да достигне рекордни 858 милијарди долари, што е за 45 милијарди повеќе од предлогот кој претходно го даде американскиот претседател Џо Бајден.

Претставничкиот дом усвои компромисна верзија на законот со 350 членови за и 80 против, што далеку го надмина двотретинското мнозинство потребно за усвојување на законот и испраќање до Сенатот на гласање, пренесува Ројтерс.

Во рамките на проектираниот буџет од 858 милијарди долари е зголемување на платите на војниците за 4,6 отсто, набавка на оружје, бродови и авиони, вклучително и борбени авиони Ф-35, како и поддршка за Тајван и Украина.

Според Ројтерс, законот содржи и одредба побарана од многу републикански конгресмени, која повикува на укинување на задолжителната вакцинација против ковид19 за припадниците на вооружените сили

Видео на денот