Рекордни 63 отсто од Косовците нема да учествуваат на изборите? (ФОТО) – Слободен печат
ВестиРегион

Рекордни 63 отсто од Косовците нема да учествуваат на изборите? (ФОТО)

Во анкета, 63 отсто од испитаниците изјавиле дека нема да учествуваат на избори, а пак 33 отсто одговориле дека ќе гласаат

Во анкета спроведена од косовската новинска агенција Косовапрес, 63 отсто од учесниците изјавиле дека нема да учествуваат на изборите.

Во анкетата „Дали ќе учествувате на изборите?”, учествувале 3.701 испитаник. Од нив 2.332, или 63 отсто изјавиле дека нема да учествуваат на изборите, 1.216 – или 33 отсто, одговориле дека ќе гласаат, додека 153, или 4 проценти, рекоа дека не знаат.

Инаку предвремените парламентарни избори во Косово ќе се одржат на 6 октомври. Политичките партии веќе ги именуваа и кандидатите за премиери, но дел од нив и стапија во изборни коалиции, кои треба најдоцна до денеска да бидат пријавени во Државната изборна комисија.

Косовапрес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close