Рекордни 19 жртви на Ковид-19 вчера во Косово
Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 904 од појавата на болеста, откако во изминатите 24 часа се регистрирани 19 починати, што претставува нов црн рекорд на жртви на епидемијата во еден ден, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според последниот дневен извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вчера се регистрирани нови 711 заболени, со што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од појавата на епидемијата достигна до 33.588.
Во истиот извештаен период се евидентирани и 721 излекуван, а вкупно досега болеста ја совладале 20.493 лица кои биле дијагностицирани со Ковид-19. Активни носители на коронавирусот во моментов, според официјалните податоци, се 12.008 случаи.
Вчера се извршени 1.633, а вкупно досега 129.355 тестирања со методот РТ-ПЦР.