Рекордна заинтересираност за ЕП 2020

Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави дека има неверојатни 14 милиони барања за купувњње на влезници за Европското првенство кое ќе се игра во неколку европски земји.

Пред три недели, УЕФА понуди 1.5 милиони билети на онлајн продажба, но аплицирале  речиси десетпати повеќе заинтересирани навивачи, по што УЕФА одлучи преку доополнителна селекција да одреди кои навивачи ќе добијат билети за мечевите на ЕП 2020.

Европското првенство е предвидено да се игра од 12 јуни до 12 јули одната година во 12 градови низ Европа, а финалето е закажано на „Вембли“ во Лондон.

Втората онлајн продажба за турнирот ќе биде пуштена во декември, откако ќе биде извршена ждрепката за групите на 30 ноември, а 1 милион билети ќе бидат пуштени во „лотаријата“ за навивачите на земјите учеснички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот