Рекордна вечер за Дончиќ и Леброн (ВИДЕО)

twitter/nba

ЛА Лејкерс го совлада Далас маверикс со 119:110 по продолжението, а натпреварот го одбележаа рекордните остварувања на Леброн Џејмс и Лука Дончиќ.

И двајцата кошаркари остварија трипл-дабл, Леброн Џејмс имаше учинок од 39 поени, 12 скокови и 16 асистенции притоа станувајќи најстариот кошаркар во историјата на НБА која дошол до вакво остварување, додека Дончиќ е најмладиот со вакво постигнување против Џејмс откако реализира 31 поен, 13 скокови и 15 асистенции.

– Никогаш не знаете кога можете да инспирирате и како. Јас сакам да играм на вистинскиот начин, да ги вклучам сите играчи и да ја чувам играта чиста. Успеав да инспирирам момче кое не е од САД и тоа е навистина посебно – изјави Џејмс, откако дозна дека тој е еден од кошаркарските идоли на Дончиќ.

Што се однесува до натпреварот, лејкерси благодарение на тројката на Дени Грин во последните моменти од средбата обезбедија продолжение во кое работите во своите раце ги презедоа Џејмс и Ентони Дејвис обезбедувајќи нов триумф за својата екипа.

Во второто дерби на вечерта, Бруклин нетс со 123:116 го совлада Хјустон рокетс.  Џејмс Харден и Расел Вестбрук заедно постигнаа 61 поен, но и тоа не помогна да се совлада тимот на Бруклин во кој се истакнаа Принс со 27 и Леверт со 25 поени.

Резултати: Бруклин – Хјустон 123:116, Индијана – Кливленд 102:95, Орландо – Милвоки 91:123, Бостон – Њујорк 104:102, Чикаго – Детроит 112:106, Далас – ЛА лејкерс 110:119, Сакраменто – Јута 102:101, Голден Стејт – Сан Антонио 110:127.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот