Рекордна шеста „Златна копачка“ за Лионел Меси

EPA-EFE/Andreu Dalmau

Играчот на Барселона ја освои својата рекордна шеста „Златна копачка“, трета по ред. Оваа сезона во 34 натпревари од „Ла Лига“ имаше вкупно 36 голови.

Главна конкуренција имаше во Килијан Мбапе кој во петокот требаше да постигне пет голови, но реализираше само еден, во поразот на својот ПСЖ од 3:1.

Неверојатен е податокот што во последните 12 голови сите добитници на ваквата награда доаѓаат од „Ла Лига“, дури и во сезоната 2013/2014 кога признанието го поделија Кристијано Роналдо од Реал и Луис Суарез од Ливерпул откако двајцата имаа по 31 погодок.

Роналдо беше последниот играч кој ја освоил оваа награда, што не доаѓа од „Ла Лига“, а беше тоа во сезоната 2007/2008 кога во дресот на Манчестер Јунајтед реализираше 31 гол.

https://twitter.com/BT_Stats/status/1132033996479705088

Меси пред одигрувањето на финалниот меч во Кралскиот куп против Валенсија денеска од 21:00 часот, пред новинарите истакна дека ова признание не му е толку важно, односно се уште во главата му е елиминацијата од Ливерпул во ЛШ.

– Ако не триумфираме во финалето од Копа дел Реј, ситуацијата меѓу играчите ќе биде уште полоша од онаа во која моментно се наоѓаме – вели Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот