Рекордна продажба: Продадени парчиња оружје со кои може да се вооружат сите маринци – Слободен печат
ВестиПланета

Рекордна продажба: Продадени парчиња оружје со кои може да се вооружат сите маринци

Потенцијалниот купувач го пополнува формуларот, познат како АТФ, со што се почнува со проверката на подобноста за поседување оружје.

Американското Федерално истражно биро – ФБИ примило повеќе од 200.000 барања за проверка во врска со купувањето огнено оружје за „Црниот петок” (Black Friday), што претставува втора рекордна продажба на оружје од 1998 година, откако ФБИ ги воведе овие проверки.

Продажбата на оружје на „Црниот петок” е нарасната за 11 отсто во однос на минатата година, додека претходниот рекорд бил поставен во 2016 година, на еден ден по Денот на благодарноста, кога всушност се слави „Црниот петок” .

Потенцијалниот купувач го пополнува формуларот, познат како АТФ, со што се почнува со проверката на подобноста за поседување оружје.

Оваа бројка, меѓутоа, не мора нужно да го одразува вистинскиот број на продадени парчиња оружје, наведуваат американските медиуми.

Заднинската проверка на купувачот на оружје може да се однесува на повеќе објавени купувања во случај купувачот да одлучи да купи повеќе парчиња огнено оружје.

Покрај тоа, некои барања за купување оружје можат да бидат и одбиени.

Доколку се суди според овие бројки, Американците купиле доволно парчиња оружје да го вооружат секој американски маринец од вкупно 182.000, колку што се во активна служба.

Овие бројки не го земаат во предвид огненото оружје набавено преку Интернет.

Според податоците на Конгресната служба за истражување, во последните пет години се случиле најмалку 33 масовни пукотници во кои се убиени најмалку четири и повеќе лица, не вклучувајќи ги и напаѓачите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close