Рекордна позајмица на банките во еврозоната од ЕЦБ

Позајмениот износ е најголем откако ЕЦБ ја започна програмата „Целни долгорочни операции за рефинансирање” пред шест години.

Банките во еврозоната денеска позајмија рекордни 1.300 милијарди евра од Европската централна банка (ЕЦБ) за да ја задоволат зголемената побарувачка на компаниите за кредити во време на невидена рецесија.

ЕЦБ ја започна програмата „Целни долгорочни операции за рефинансирање” пред шест години, а годинава ја измени за да и помогне на економијата да ги надмине тешките последици од пандемијата на коронавирусот.

Позајмениот износ е најголем откако ЕЦБ ја започна оваа програма, но е помал во нето-услови, бидејќи банките веројатно користеле дел од износот за репрограмирање на старите заеми на ЕЦБ за да ги искористат поволните каматни стапки.

Негативна каматна стапка значи дека банките ќе заработат 0,5 проценти за една година без никакви услови или еден процент под услов да не го намалат кредитното портфолио.

Во преостанатите две години до достасувањето на заемот, каматната стапка ќе биде идентична со каматната стапка на депозитите на ЕЦБ, која во моментов е на минус 0,5 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот