Рекордна инфлација во Германија

Германија по олабавувањето на ковид мерките/ Фото EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Инфлацијата во Германија го достигна највисокото ниво во последните 28 години, поттикната од растот на цените на енергијата и ниската споредбена основа во 2020 година, кога ДДВ за некои производи беше привремено намален, објави Заводот за статистика, пишува Еуроњуз.

Потрошувачките цени во Германија се повисоки за 4,5 отсто во октомври во однос на истиот месец минатата година.

Ова е највисока стапка на инфлација од август 1993 година, кога изнесуваше 4,6 отсто.

Во септември годинава цените пораснале за 4,1 отсто на годишно ниво.

Зголемување на цените

Инфлацијата со месеци е поттикната од силниот раст на цените на енергенсите, кои во октомври беа за 18,6 отсто повисоки во однос на истиот месец минатата година, покажаа официјалните податоци. Цените на нафтата се двојно повисоки од октомври 2020 година.

Видео на денот