Рекордна цена: Влезниците за финалето се продаваат на црно и за 35.000 фунти

EPA-EFE/JOSHUA BRATT

На нешто повеќе од еден час до финалето на Евро 2020 во кое на „Вембли“ ќе играат Англија и Италија, сè уште има навивачи кои се подготвени да платат богатство за да бидат на трибините на култниот стадион. Улиците, пабовите низ Лондон се полни со италијански и англиски навивачи, но и со навивачи кои се обидуваат во последен момент да дојдат до билет.

На социјалните мрежи има доста фанови кое се обидуваат да ги продадат своите влезници и со тоа добро да заработат.

Утринава на Ибеј најскапите влезници се продаваа за 35.000 фунти додека најмалата сума која мораше да се одвои за да се купи билет за финалето изнесуваше 1.650 фунти.  На Фејсбук пак две влезници се продаваа за 7.000 фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот