Рекордна цена на акциите на германскиот производител на тенкови Леопард

Фото: Bundeswehr/Wikipedia

Судејќи според движењата на берзата, германскиот производител на оклопни возила Рајнметал ги доживува најсветлите моменти во својата 134-годишна историја. Оваа компанија – една од најголемите во секторот на германската воена индустрија – го произведува тенкот Леопард 2 во соработка со компанијата Kраус-Мафеи Вегман.

Токму овој тенк беше во фокусот на јавноста во последните денови поради сагата околу дозволата на германската влада да испрати одреден број од овие моќни оклопни возила во Украина армијата. 10 милијарди евра е пазарната капитализација на Рајнметал, највисока во нејзината 134-годишна историја.

Кога на таа вест се додава проценката објавена еден ден претходно од извршниот директор на Рајнметал, Армин Папергер, дека продажбата во 2025 година ќе порасне на 11 до 12 милијарди евра, наместо претходно проценетите 10 до 11 милијарди евра, не треба да чуди што Рајнметал во моментов има рекордна вредност на берзата. Руската инвазија на Украина ги подобри деловните изгледи на Рајнметал, но промената е многу подлабока, тврди Папергер, пренесува Пословни хр.

„Луѓето нè навредуваа и ни се закануваа. Денеска ми велат и ми пишуваат: „Фала му на Бога што те имаме“, раскажува шефот на Рајнметал во интервју за неделникот Стерн, објавено оваа недела.

Компанијата е основана во далечната 1889 година и произведуваше муниција за германската империја и беше клучен снабдувач со оружје на германската армија во Првата и Втората светска војна, кога беше привремено национализирана. Покрај гореспоменатите тенкови Леопард, Рајнметал произведува и пешадиски борбени возила Пума и Мардер и неколку видови муниција. Сепак, компанијата не произведува само оружје, туку и делови за автомобили и турбини на ветер.

ИНФОГРАФИК: Каде се користат германските тенкови „Леопард 2“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот