Рекордна бројка на заразени во Србија: 467 случаи позитивни на Ковид-19 во последните 24 часа

Фото: МИА

Во Србија, во последното деноноќе се направени 10.381 тестови за коронавирус, при што позитивни се 467 лица – што е рекорд во однос на дневната бројка на заразени од почетокот на епидемијата во земјата, пренесуваат српските меидуми.

Во последните 24 часа од компликации поврзани со Ковид-19 во Србија починаа осум лица.

На респиратори во српските болници, во моментов се наоѓаат 169 пациенти.

– Србија е целосно жариште, не знаеме кој го има вирусот, а кој не. Ние би го знаеле тоа доколку ги тестираме сите жители на Србија, но тоа е невозможно, рече инфектологот, додавајќи дека вирусот е присутен, особено во затворен простор- изјави инфектологот Мијомир Пелемиш.

Српски инфектолог: Цела Србија е жариште, а колективен имунитет не е решение

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот