Рекордерот во Премиер лигата ја заврши кариерата (ВИДЕО)

twitter.com/premierleague

Крауч, поранешниот англиски репрезентативец на клупски план минатата сезона ги бранеше боите на Барнли.

Во текот на летниот период имаше неколку понуди од Кина, но донесе одлука да се пензионира.

Високиот играч (201 см) својата сениорска кариера ја започна во Тотенхем, а потоа беше дел од КПР, Портсмут, Астон Вила, Норич, Саутемптон, Ливерпул.

Во Премиер лигата запиша вкупно 468 натпревари и постигна 108 голови. Од нив 53 реализираше со глава и на тој начин стана рекордер на ова натпреварување.

За селекцијата на „Гордиот албион“ забележа 22 голови во 42 настапи, а еден погодок имаше и против најдобрата македонска репрезентација во Скопје во победата (0:1) во рамките од квалификациите за ЕП 2008.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот