Рекордерот меѓу нотарите за 2018 година има добивка од 332.000 евра, а меѓу извршителите – 152.300 евра

Во утрешниот број на печатеното издание на весникот „Слободен печат“ читајте го интервјуто со премиерот Зоран Заев.

За две и пол години, во споредба со претходните единаесет, ги решивме сите отворени прашања и постигнавме највисоки стратешки цели на државата – влез во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Затоа ќе добиеме победнички број на претеници и ќе правиме коалиции, но сакам да видам дали една изборна единица ќе им даде можности на сите, вели Заев.

Во новиот број читајте и за тоа како „чистката“ на судиите не е по европски вкус, за тоа „Кога вечниот Али Ахмети ќе го заврши бесконечниот мандат“, но и за рекордерот меѓу нотарите кој за 2018 година има добивка од 332.000 евра.

Во „Слободен печат“ и колумните на Сашо Орданоски, Срѓан Ивановиќ, Денко Малески и Љубиша Николовски.

Од останатите теми, „Граѓаните бараат да се повлече ДУП и мораториум за градење во Трнодол, читајте и за 11-те симптоми за гастритис кои може да се откријат и со домашен тест, но и за дожината на спиењето која може да покаже дали ви се заканува мозочен удар.

Утре во „Слободен печат“ и специјалниот прилог „Женски печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот