Рекордерка по број на пластични операции: Има 60 години, повеќе од 47 пати „легнала под нож“

Инстаграм

Синди Џексон има шеесет години и до сега има направено вкупно 47 пластични операции за кои платила илјадници евра. Токму поради огромниот број операции со кои го коригирала или го подмладила своето тело, Синди е запишана и во Гинисовата книга на рекорди како жена со најмногу пластични операции во светот.

Instagram

Сепак, Џексон изјавила дека повеќе не сака да биде дел од Гинисовата книга на рекорди и токму затоа отсега, кога и да „легне под нож“, тоа ќе го направи тајно и операциите нема да ја впишуваат како нов гинис.

– Откако бев впишана во Гинисовата книга на рекорди, направив уште неколку зафати на телото, но не ги пријавив. Една од нив беше истегнување на вратот. Не знам веќе каде се имам направено корекции по телото. Тоа е како некој да го прашате дали се сеќава колку вкупно фризури сменил во изминатите триесет години. Промените што ги правам, одлучив повеќе да не ги запишувам бидејќи навистина ми е смачено луѓето да ме гледаат како жива Барби – рекла Џексон.

За да ги покаже многубројните разлики кои со текот на годините ги имала во својот надворешен изглед, таа неодамна на социјалните мрежи сподели фотографии од тоа како изгледала пред неколку децении, а како изгледа денес со помош на низата корекции.

Таа во својата објава открила и како другите луѓе гледаат на нејзината опсесија постојано да го менува телото.

Instagram

Сепак, ставовите на другите според неа не се многу важни, бидејќи како што изјавила, таа никогаш не направила ниту една корекција со која драстично си го сменила изгледот.

– Според мене, со ваквите операции треба само да се нагласат убавините и природниот изглед, а не комплетно да се промени изгледот на лицето и на телото – вели Синди.

За неа секоја направена пластична операција, која наместо да ги нагласи природните убавини комплетно го менува изгледот на личноста, е вистинско промашување. Затоа, решила да им помогне финансиски и на оние што сакаат да го коригираат телото, но без да направат некои драстични промени во изгледот.

– Резултатите се најдобри кога имате свеж и природен изглед, без очигледни промени по операцијата – нагласи Синди.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот