Рекорден пад на трговијата меѓу Велика Британија и ЕУ

Велика Британија регистрира рекорден пад во трговијата со ЕУ во првиот месец по крајот на преодниот период за Брегзит, покажуваат податоците на британската Служба за национална статистика (ОНС).

Со напуштањето на единствениот пазар во јанаури 2021 година, извозот кон Европската унија е намален за 5,6 милијарди фунти, а увозот – 6,6 милијарди фунти. Извозот на стоки за ЕУ е намален за речиси 41 отсто а увозот за 29 отсто. Тоа е „најголем пад за еден месец, откако тие цифри почнаа да се анализираат во јануари 1997 година, јави Евроњуз.

Се очекува БДП на Велика Британија да се намали за 2,9 отсто во јануари, ниво што е девет отсто под она од февруари 2020 година и четири отсто под октомври 2020 година кога имаше прв пик за обнова по првиот карантин во државата. Аналитичари наведуваат дека е можно тоа да е поради „привремени фактори”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот