Рекорден пад на побарувачката за природен гас

Глобалната побарувачка за природен гас би требало постепено да се опоравува во наредните две години. Но, експертите сметаат дека тоа не значи оти таа за брзо ќе ги фати вообичаените трендови.

Глобалната потрошувачка за природен гас би можело годинава да го забележи најголемиот пад до сега, се наведува во извештајот на Меѓународната агенција за енергија, „IEA“.

Според проценките на агенцијата, глобалната потрошувачка за овој енергенс во 2020 година ќе забележи пад од 4 отсто поради корона кризата, односно за 150 милијарди кубни метри, што е за речиси двојно повеќе во споредба со падот кој е забележан за време на финансиската криза во 2008 година.

Фатих Бирол, извршен директор на „IEA“, истакнува дека актуелната криза до сега имала помало влијание врз природниот гас отколку што тоа беше случај со нафтата и јагленот.

Меѓутоа, како што додава, ниту природниот гас не остана имун на последиците од пандемијата.

– Рекордниот пад годинава претставува драматична промена за индустријата која претходно беше навикната на силно зголемување на побарувачката, истакнува Бирол.

Со оглед на тоа дека опоравување се очекува дури во 2021 година, „IEA“ не претпоставува брзо опоравување на предкризните движења.

Со други зборови, вели Бирол, глобалната побарувачка за природен гас би требало постепено да се опоравува во наредните две години. Но, додава, тоа не значи дека таа за брзо ќе ги фати вообичаените трендови.

– Корона кризата ќе има долготрајно влијание на идната побарувачка, пригушувајќи ја при тоа стапката на раст и зголемувајќи ја неизвесноста, истакнува Бирол.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот