Рекорден пад на британската економија од 20,4 отсто во април

Банката на Англија и Канцеларијата за буџетска одговорност предупредија дека Велика Британија би можело годинава да забележи најдлабока рецесија во последните три века, потсетува „Ројтерс“.

Економијата во Британија на почетокот од вториот квартал годинава, во месец април забележа рекорден пад од 20,4 отсто во однос на претходниот месец, бидејќи земјата месец дена беше под строги мерки на блокада поради корона вирусот, покажаа денеска статистичките податоци.

За време на тримесечниот период февруари – април, БДП на Обединетото Кралство паднал за 10,4 отсто во однос на претходните три месеци, соопшти канцеларијата за национална статистика, пренесува „Ројтерс“.

– Како и на многу други економии ширум светот, корона вирусот силно влијаеше и на нашата економија, изјави министерот за финансии Риши Сунак.

Владините мерки, вклучувајќи ја и програмата за исплата на плати на работниците кои привремено се отпуштени, заедно со грантовите, кредитите и намалениот корпоративен данок ќе значи дека Британија има најдобри шанси за брзо опоравување бидејќи економијата повторно се отвора, вели тој.

Идната недела, голем дел од британскиот малопродажен сектор повторно ќе почне со работа со строго почитување на мерките за социјално дистанцирање во продавниците.

Во однос на април претходната година, британската економија забележа пад од 24,5 проценти, се наведува во соопштението на канцеларијата за национална статистика.

Производството во доминантниот сектор услуги бележи пад од 19 отсто во април во однос на март, а градежништвото бележи пад за речици 50 отсто.

Банката на Англија и Канцеларијата за буџетска одговорност предупредија дека Велика Британија би можело годинава да забележи најдлабока рецесија во последните три века, потсетува „Ројтерс“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот