Рекорден недостиг на квалификувана работна сила во Германија

Фото: EPA-EFE/ADAM BERRY

Во Германија ситуацијата со недостиг на квалификувана работна сила во првиот квартал од оваа година дополнително се влоши, објави денеска Институтот за германска економија.

„Во март, бројот на непополнети работни места за кои работодавачите не можат да најдат соодветна работна сила се зголеми за дополнителни 88.000 и сега изнесува рекордни 558.000″, се вели во соопштението на Германскиот економски институт, кој се повикува на свое истражување.

Недостигот од квалификувани работници, според истражувањето, ги погодува сите сегменти на пазарот на трудот, но особено е изразен во областа на здравството, социјалната заштита, образованието и градежништвото.

„Само во секторите за здравство, социјална заштита и образование, шест од десет работни места не се пополнети поради недостиг на соодветна работна сила”, се наведува во соопштението.

Во пандемските години, 2020 и 2021 година, приливот на квалификувана работна сила од странство забави, но трендот на зголемување на бројот на непополнети работни места започна многу порано. Една од причините е и пензионирањето на силната генерација од средината на педесеттите.

Федералната влада објави дека во последните години расте бројот на пензионери, односно лица кои наполниле 67 години, а се уште се активни на пазарот на трудот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот