Рекорден награден фонд на УС Опен

Шампионите на последниот грен слем турнир, УС Опен во двете конкуренции ќе заработат по 3.85 милиони долари, додека за победниците во дубл, предвидена е награда од 740.000 долари. Тоа ќе биде убедливо најголемата заработувачка што ќе ја имаат шампионите во историјата не само на УС Опен туку и на грен слем турнирите воопшто.

Поголеми парични награди ќе добијат и тенисерите и тенисерките кои ќе испаднат и во раната фаза од турнирот. Поразените во првото коло ќе заработат по 58.000 долари, а за пораз во второто коло, ќе се исплаќа по 100.000 долари, сума која беше вкупен награден фонд во 1968 година.

Последниот годинашен грен слем турнир ќе се игра од 26 август до 8 септември, а бранители на титулите се Новак Ѓоковиќ во машка и Наоми Осака во женска конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот