Рекорден дневен пораст на новозаразени во Словенија

Болница во Словенија/Фото: EPA

 Во последните 24 часа, по направени 3.123 тестови, во Словенија се потврдени нови 123 случаи на коронавирус, што е рекорден број од почетокот на епидемијата, објави денеска словенечката Влада.

Во последниве недели, бројот на нови инфекции постојано се зголемува, а Владата соопшти дека поради зголемениот број хоспитализирани лица, очекува реорганизација на болниците и отворање на уште една, четврта, Ковид болница.

– Следните две недели ќе бидат клучни за развојот и контролата на епидемијата, изјави словенечкиот министер за здравство Томаж Гантар.

Според податоците од неговото Министерство, во моментов има 975 активни случаи, од кои 61 се хопитализирани, што е многу голем пораст во однос на минатата недела.

Владиниот портпарол Јелко Кацин вчера изјави дека Словенија, доколку ситуацијата остане вака, има доволно респиратори за сите пациенти, нагласувајќи дека бројот на новозаболени покажува дека состојбата со епидемијата не се подобрува и дека треба строго да се почитуваат пропишаните епидемиолошки мерки и ограничувања.

Шефицата на владиниот експертски тим, Бојана Беовиќ, изјави  дека бројот на потврдени инфекции на 100 000 во последните 14 дена надмина 40, и дека епидемијата е „зема голем замав” и дека е особено загрижена заради се поголемиот број на пациенти кои се хоспитализирани и се на респиратор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот