Рекорден број жени во словенечкиот Парламент

Новите пратеници во словенечкиот Парламент/ Фото Zeljko Stevanic / Xinhua News / Profimedia

Словенечкиот Парламент ќе има најголема родова рамнотежа досега, бидејќи 36 од 90 пратеници во новиот состав ќе бидат жени, вклучително и новата претседателка.

Поранешната судијка и една од основачите на Движењето за слобода, Уршка Клакочар Жупанчич е избрана за претседател на Парламентот, чиј мандат започна во петокот, на 13 мај.

– По добри 30 години независност, жена го презеде Државниот збор и ова е можеби првата најава за промената што очајно и е потребна на оваа земја, изјави Клакочар Жупанчиќ.

Парламентарната партија со најголема родова еднаквост е Движењето за слобода, со повеќе од половина пратенички.

Меѓу двајцата помлади коалициски партнери на идната влада, Социјалдемократската партија и Левица, жените сочинуваат повеќе од 40 отсто од пратениците.

Во претходниот парламентарен состав беа избрани 22 жени, но до крајот на мандатот тој број се зголеми со смената на пратениците кои ја презедоа извршната власт.

Родовата рамнотежа најверојатно ќе биде поголема и во новата словенечка влада. Досега беше најавено дека жени ќе раководат со седум од 18 министерства, наспроти само две министерки во претходната конзервативна влада.

– Еднаквоста на жените во општеството треба да се подразбира, рече претседателот на Движењето за слобода и веројатно иден премиер Роберт Голоб.

На изборите на 24 април, Движењето Слобода освои 35,5 отсто од гласовите и 41 пратенички мандат, додека Словенечката демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша освои 23,5 отсто од гласовите и 27 пратенички мандати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот