Рекорден број умрени од коронавирус во САД

epa-efe
Се уште е непознато колку овој нов сој на Делта варијантата е поопасен од претходниот основен Делта тип на вирусот / Фото: EPA

Со овој најнов податок бројот на жртви од коронавирусот во најголемата светска економија достигна  341.845, се додава во ажурираните податоци на Универзитетот Џон Хопкинс.

САД вчера соопштија за 3.927 нови смртни случаи од Ковид-19 во само еден ден, што е нов црн рекорд во земјата, најтешко погодена од пандемијата во светот, јави Универзитетот Џон Хопкинс.

Со овој најнов податок бројот на жртви од коронавирусот во најголемата светска економија достигна  341.845, се додава во ажурираните податоци на Универзитетот Џон Хопкинс.

Со 189.671 новоинфицирани во изминатите 24 часа, САД стабилно се приближуваат до 20 милиони заразени, откако во неделата го минаа прагот од 19 милиони. Индија, која се наоѓа на второ место, е далеку зад САД, со 10,2 милиони случаи.

Епидемијата од есенва се шири со голема брзина  низ САД, особено по семејниот празник Денот на благодарноста, кон крајот на ноември. Прославата на Божиќ и Нова година дополнително ќе ја влоши ситуацијата.

Познатиот американски имунолог Ентони Фаучи во неделата изјави допрва очекува да дојде до врвот на епидемијата.

Кампањата за вакцинација, во која до вчера речиси 2,8 милиони луѓе ја добија својата прва доза од вакцината, нема да овозможи да се намали сегашниот тренд на раст на бројот на заразени.

Од 31 декември 2019 година, кога Кина за првпат го пријави случајот до Светската здравствена организација (СЗО), коронавирусот зарази повеќе од 82 милиони луѓе ширум светот и речиси 1,8 милиона починаа, пренесуваат француските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот