Рекорден број смртни случаи за еден ден во Индија од почетокот на пандемијата

Според бројот на заразени, Индија е трета во светот – по САД и Бразил.

Во Индија, 1.092 луѓе починаа од коронавирус во изминатите 24 часа, што е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата во таа земја.

Во Индија, досега, од Ковид-19 починаа повеќе од 53.000 луѓе, и според смртниот биланс, земјата е четврта во светот – по САД, Бразил и Мексико.

Во текот на изминатиот ден потврдени се повеќе од 64.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 2,7 милиони. Според бројот на заразени, Индија е трета во светот – по САД и Бразил.

Во четири од 28 индиски држави, се регистрирани 63 отсто од сите смртни случаи и 54,6 проценти од вкупнитиот број заразени.

Прочитајте и...  30 дена притвор за кумот на Груевски

Поврзани вести

Армијата на Чешка започна да гради привремена полска болница во Прага (ВИДЕО)

Пензионерите излегоа на протест и контрапротест против Лукашенко (ФОТО+ВИДЕО)

Отворен памптрак велодром во вториот дел од Градскиот парк (ФОТО)

Слободен печат

СЗО со порака до властите: Ставајте ги контактите во изолација (ВИДЕО)

Слободен печат

Таравари: Ако на локалните избори ДУИ коалицира со СДСМ, ние ќе коалицираме со ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Единаесет лица ја загубија битката со коронавирусот во Грција, 438 новозаразени

Слободен печат

Остави Коментар