Рекорден број на заразени во Црна Гора, починаа 7 лица

Ковид-19 во Црна Гора/ Фото: ЕПА

Во Црна Гора се потврдени рекордни 496 нови случаи на коронавирус, а починале седум лица.

Од вчерашниот пресек се излекувале 240 пациенти, соопшти Институтот за јавно здравје.

Помошник директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора Сенад Бегиќ денес изјавил дека случувањата на терен апсолутно не одат во прилог на епидемиолошката ситуација и дека се очекува бројот на заболени од коронавирус да биде уште поголем.

Тој на конференција за новинари во Подгорица рекол дека во текот на последните 24 часа, врз основа на 1.299 тестирани примероци, регистрирани се 496 нови случаи, а дека во текот на вечерта и утрото ќе бидат обработени уште 500 примероци од приватните лаборатории, пренесе порталот „Вијести“.

ВИДЕО: Бизарно- Деца го бакнуваат телото на Амфилохије кој почина од ковид-19

Тој најавил и заострување на мерките за сузбивање на епидемијата.

Изминатиов викенд во Подгорица се одржа погребот на Амфилохије, каде стотици луѓе збиени, еден до друг чекаа во долги колони да го бакнат неговото тело. На погребот присуствуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Реакции на социјалните мрежи поради погребот на црногорскиот митрополит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот