Рекорден број на смртни случаи од ковид-19 во еден ден во САД

Аризона, САД / Јуни 2020 / Фото: U.S. National Guard / Zuma Press / Profimedia

Во изминатите 24 часа во САД се регистрирани 2.562 починати лица од ковид-19, што е најголем број смртни случаи за еден ден од април досега, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс.

Според Универзитетот, во истиот период се потврдени повеќе од 180.000 новозаразени од коронавирус.

Бројот на хоспитализирани пациенти во САД достигна, исто така, рекордна бројка од 99.000. Ситуацијата со ковид-19 е особено тешка во неколку држави од Средниот запад, меѓу кои Индијана и Јужна Дакота.

Експертите стравуваат од нов пораст на бројот на заразени по прославувањето на празникот Ден на благодарноста, кога милиони Американци заминуваат да се видат со роднини и пријатели, и покрај препораките за воздржување од патувања.

Во САД од почетокот на пандемијата се потврдени над 13.700.000 заразени и повеќе од 270.000 починати лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот