Рекорден број на починати од коронавирусот во Русија

epa-efe
Жена со заштитна маска поминува покрај улична уметност во Москва, инспирирана од пандемијата со коронавирусот во Москва / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Во Русија во минатите 24 часови починале 232 лица заболени од Ковид-19 и тоа е најголемата забележана стапка на смртност досега.

Со тоа вкупниот број на починати достигна 4.374 лица, соопшти рускиот оперативен штаб за борба против ширење на вирусната инфекција.

Покрај тоа, претходниот ден бројот на заболени од вирусот во Русија порасна за 8.872 случаи во 84 региони, односно вкупно 387.623 во 85 региони. Од тоа кај 3.380 пациенти немало клинички симптоми на болеста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот