Рекорден број на новозаразени во Токио од почетокот на пандемијата

Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Во Токио во изминатите 24 часа се пријавени 224 нови случаи на коронавирусот, што е најголем дневен биланс од почетокот на епидемијата.

Претходниот рекорд беше поставен на 17 април, кога за еден ден беа потврдени 206 нови случаи.

Јапонските власти соопштија дека зголемувањето на бројот на заразени во последните две недели главно се должи на тоа што се тестираат повеќе лица, особено оние што работат во објекти за забава за ноќен живот, како хостеси во клубови и барови. За време на панел состанокот кој денеска го одржа Владата во Токио, експертите рекоа дека зголемувањето е делумно резултат на систем на пообемно тестирање.

Поголемиот дел од новите заразени лица се на возраст од 20 до 40 години.

Во Токио во моментов има шест пациенти со коронавирус кои се наоѓаат во критична состојба, додека градот веќе две недели нема регистрирано смртен случај од Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот