Рекорден број на новозаразени во еден ден во Бугарија: Нови 240 случаи, пет лица починаа

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Вкупно 240 се новите случаи на заразени со коронавирус во Бугарија за изминатите 24 часа и тоа рекорден број досега, јавија бугарски медиуми.

Најголем број заразени лица има повторно во Софија – 71. Следат Пловдив и Благоевград, со 21 и 17 заразени, соодветно.

Уште пет пациенти починале од Ковид-19 за 24 часа. Хоспитализирани се 498 заразени од кои 29 се на интензивни одделенија.

На почетокот од оваа недела, министерот за здравство Кирил Ананиев најави дека доколку бројот на заразени се зголеми на повеќе од 200 на ден, ќе се земат предвид ограничувањата. Премиерот Бојко Борисов вчера најави дека мерките нема да бидат затегнати под никакви околности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот