Рекорден број на новозаболени од коронавирусот во Русија

Фото: МИА

Чешка забележала најмал дневен пораст на нови случаи на заразени со коронавирусот, Полска врвот на кризата го очекува во мај и јуни, а Русија забележа рекорден број на новозаразени во последните 24 часа, пренесуваат тамошните медиуми.

Чешка која влегува во четвртата недела на мерките за ограничување на движењето и работата на фабриките, денеска забележа пораст на нови случаи од 2,6 отсто во однос на претходниот ден и тоа е најнискиот процент од почетокот на март, кога земјата имаше само неколку случаи на заразени.

Бројот на заразени во таа земја во неделата до полноќ изнесуваше 4.591, објави чешкото министерство за здравство.

Со 10,7 милиони жители, Чешка досега спроведе 85.015 тестирања, а планот е секојдневно да се спроведуваат и преку 10.000 тестирања.

Во Чешка од коронавирусот починати се 72 лица, 390 се во болница, вклучувајќи 84 лица во тешка состојба.

Полска е на самиот почеток од битката против коронавирусот, а врвот се очекува во мај и јуни, кажа премиерот Матеуш Моравјецки. Таму се забележани 4.201 случај на заразени, а починаа 98 луѓе.

Премиерот кажа дека во Полска секојдневно недостасува медицинска опрема, но дека ќе се зголеми бројот на тестирања на дневно ниво на 8.000 до 9.000. Моментално дневно се спроведуваат меѓу 6.000 и 7.000 тестирања.

Бројот на заразени во Русија во последните 24 часа порасна за 954 случаи, на 6343 заболени. Станува збор за рекорден број на новозаболени во еден ден, објави националниот кризен центар.

Заболени има во целата земја, но главниот епицентар со 591 нов случај и понатаму е Москва. Од Ковид-19 во Русија досега се починати 47 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот