Рекорден број на нови коли увезени во Македонија во јули, паѓа увозот на половни возила

автомобили
автомобили / фото: EPA/EFE

Во Македонија во јули годинава е забележан највисок увоз на нови возила по 18 месеци, а истовремено опаѓа трендот на увоз на половни возила чија цена последниве месеци е зголемена, пишува порталот 24ауто.мк

Според официјалните податоци на Царинската управа, во јули се увезени вкупно 3.577 возила. Тоа претставува пад во однос на претходниот месец, но и во однос на претходните пет месеци.

Во јули се увезени 628 нови автомобили, што претставува продолжување на трендот на зголемување на увозот на нови автомобили кој започна во април. Ова е најдобра месец според увозот од декември 2019 година.

Пад е забележан кај увозот на употребувани возила. Увезени се вкупно 2.600 што е втор најлош месец годинава, но е повеќе од јули минатата година кога беа увезени 2.397 употребувани возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот