РЕКОРД ЗА „ВРБА“: Шестиот филм на Манчевски надмина 30.000 гледачи

Минатиот месец од Синеплекс објавија дека „Врба” е најгледаниот филм во нивната историја воопшто. Дистрибутерот на филмот го прикажа филмот во над 20 града во државава.

Шестиот игран филм на режисерот Милчо Манчевски, „Врба” ја надмина бројката од 30.000 гледачи, што е рекорд во Македонија. Ова е најгледан филм во државата за 2019, надминувајќи ги и холивудските блокбастери. „Врба” е и најгледан македонски филм во последниве години. Во минатото, во времето пред интернет стриминг генералната посетеност на сите кино-претстави беше на друго ниво. На пример, филмот „Прашина” на Манчевски постави рекорд со 120.000 гледачи во 2001.

Врба“ од неодамна се прикажува во Кинотека. Неодамна, пред преполна сала, режисерот Манчевски се вклучи во разговор со публиката кој го модерираше филмската критичарка Марина Костова. Разговорот траеше повеќе од еден час и во него беа дискутирани аспекти од „Врба”, но и од творештвото на Манчевски воопшто.

По светската премиера на црвениот ќилим на Меѓународниот филмски фестивал во Рим, каде беше примен со петминутни овации, филмот ја имаше македонска премиера на 1 ноември и оттогаш ги полни киносалите низ цела Македонија. Минатиот месец од Синеплекс објавија дека „Врба” е најгледаниот филм во нивната историја воопшто. Дистрибутерот на филмот го прикажа филмот во над 20 града во државава.

Поради популарноста на филмот од Синеплекс и Кинотека објавија дека „Врба“ се враќа на нивниот репертоар. „Врба“ ќе игра во два термина дневно (18 и 20 часот) и тоа во: вторник 21 јануари, среда 22., петок 24., сабота 25., вторник 28., среда 29., четврток 30 јануари (само во 17 часот) и сабота 1 февруари. Филмот ќе продолжи да се прикажува и низ Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот