Рекорд на Федерер кој најверојатно никој нема да го надмине!?

twitter.com/tennisnewschan1

Рожер Федерер е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, а со самото тоа постојат и многу рекорди кои ги постави во својата долга кариера.

Колумнистот од „Tennis World USA“, Лоренцо Чиоти смета дека овој рекорд на тениската легенда никој не може да го надмине. Во прашање е бројот на последователни недели поминати на првото место на АТП.

Рожер Федерер е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, а со самото тоа постојат и многу рекорди кои ги постави во својата долга кариера. Швајцарецот помина неверојатни 310 недели на врвот на АТП листата, а од нив 237 недели по ред.

Интересно е што кога ќе се погледне овој статистички параметар, на второто место е Џими Конорс со 160, односно Иван Лендл со 157 недели по ред на првата позиција.

Следен на списокот е сегашниот прв светски рекет Новак Ѓоковиќ со 122 по ред (вкупно 282), додека Рафаел Надал е дури на осмото место со „само“ 56 недели по ред на врвот на листата.

Српскиот тенисер Ѓоковиќ може да го надмине овој импресивен рекорд на Федерер, но под услов да ги помине наредните четири години на АТП-листата.

ТОП 10:

1. Рожер Федерер 237 од 310 – 76,45%
2. Џими Конорс 160 од 268 – 59,7%
3. Иван Лендл 157 од 270 – 58,14%
4. Новак Ѓоковиќ 122 од 282 – 43.26%
5. Пит Сампрас 102 од 286 – 35,66%
6. Лејтон Хјуит 75 од 80 – 93,75%
7. Џон Мекинро 58 од 170 – 34,11%
8. Рафаел Надал 56 од 209 – 26,79%
9. Андре Агаси 52 од 101 – 51,48%
10. Бјорн Борг 46 од 109 – 42,2%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот