Рекорд на дневен број на новозаразени во Индија: Над 20.000 случаи за само 24 часа

Ковид-19 во Индија/ Фото: ЕПА

Во Индија денеска се регистрирани 20.000 заразени лица со новиот коронавирус, што е рекорден број на инфицирани во еден ден.

Во последните 24 часа во Индија се потврдени 20.903 позитивни случаи, а починале  397 лица.

Индија по бројот на заразени лица се приближува кон Русија, која со потврдени 600.000 случаи и е трета земја по бројот на заразени лица, по САД и Бразил.

И покрај ширењето на вирусот, Индија ги олеснува мерките и започнува со обнова на економијата.

Министерството за култура на Индија соопшти дека знаменитостите, вклучително и Таџ Махал ќе бидат отворени за посета од следната недела, но со ограничен број на посетители и задолжително носење маски.

Од почетокот на епидемијата во Индија досега се регистрирани вкупно 625.544 позитивни случаи на новиот коронавирус, а починати се 18.213 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот