Реконструкција на дел од улица „Бранислав Нушиќ“ во Карпош 1

Денеска се асфалтираше уште еден дел во должина од 100 метри од улицата „Бранислав Нушиќ“, во урбаната заедница Карпош 1, на потегот од улица „Никола Тесла“ до улица „Иван Аговски“.

Во изминатиот период, во Карпош 1 се обновија и улиците: „Даскал Камче“ и дел од „Гиго Михајловски“, а се санирани и повеќе ударни дупки.

Овие инфраструктурни активности на Општината се дел од буџетските програми за тековната 2019 година, а имаат за цел да ја зголемат безбедноста и да ја подобрат состојбата на сервисните улици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот