Реконструкцијата на улица Љубљанска завршена за 20 дена – Слободен печат
ВестиСкопје

Реконструкцијата на улица Љубљанска завршена за 20 дена

Со денешното бележење, заврши реконструкцијата на улицата Љубљанска, во општина Карпош, која што е една од најфреквентните улици во овој дел на градот, соопштија од Град Скопје.

По реконструкцијата на коловозот, екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе ги реконструираат и тротоарите по должината на улицата, а исто така, ќе се подигне и ново зеленило во околината правејќи го овој дел од градот многу попријатно место за живеење.

При реконструкцијата на улицата дислоцирана е и такси станицата од пред Сити Мол, со што ќе намали сообраќајниот метеж на овој потег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close