Реконструкцијата на улица „Московска“ во завршна фаза

Проектот за целосна реконструкција на улица „Московска“ влегува во завршна фаза. Со овој проект се врши реконструкција на улица „Московска“ на потег од крстосницата со булевар „Партизански одреди“ до крстосницата со булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улица „Васил Чакаларов“, во вкупна должина од 690 метри.

Со овој проект ќе се извади стариот и оштетен коловоз и ќе се постави нов асфалт на површина од околу 9.000 квадратни метри.

Најголемиот дел од градежните работи на улицата се завршени и останува уште да се изведе поврзувањето со булеварот „Партизански одреди“, кое треба да заврши деновиве, како и да се постави нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 8,2 милиони денари со пресметан ДДВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот