Реконструкција на влада „во јапонски стил“: Две жени и син на поранешен премиер за подобрување на имиџот

Јапонскиот премиер Шинзо Абе ја реконструираше својата влада, во која додал две жени, како и синот на експремиерот, со цел да го освежи имиџот на владата.

Абе истовремено го задржал континуитетот на безбедносната политика и трговија свртени кон САД.

Шинзо Абе, на кому срдечните односи со американскиот претседател Доналд Трамп му се столб на политиката, ги задржал истите лица на клучни места во реконструкција на владата, објавено е денеска.

Таро Коно, кој беше министер за надворешни работи е именуван за министер за одбрана, додека Тошимитсу Мотеги, министерот задолжен за економска политика сега е шеф на дипломатијата.

Министерот за финансии Таро Асо, исто така долгогодишен политичар, останал на својата функција, како и портпаролот на владата.

Премиерот вовел 13 нови лица, помеѓу кои и две жени. Жените во власта обично веднаш го привлекуваат вниманието во Јапонија, каде има многу критики за тоа дека тие не добиваат високи функции во политиката.

Вниманието на јавноста го привлече и новиот министер за животна околина Синџиро Коизми, син на поранешниот премиер Јуничир Коизуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот