Реконструкција на улицата „Тодор Чангов 41″

Општина Аеродром почна со санирање на улицата „Тодор Чангов 41″ во должина од 450 метри. Станува збор реконструкција на дел од оваа улица на која се поставува тампон во ширина од шест метри и асфалт од пет метри, информираат од општината.

Во наредниот период ќе се реконструираат и другите делови од улицата „Тодор Чангов”.

Од Општината велат дека продолжуваат со изградба на нова, како и подобрување на веќе постојната патна инфраструктура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот