Реконструкција на спортската сала во ОУ „Петар Здравковски-Пенко“ во Бутел

Во Општинското основно училиште „Петар Здравковски-Пенко” се врши реконструкција на подот на фискултурната сала, комплетно се менува подлогата и се поставува нов висококвалитетен буков паркет на површина од 265 метри квадратни.

Општина Бутел информира дека поради подобрување на енергетската ефикасност за време на летниот и зимски период, во ова основно училиште се врши промена на старите дотраени со нови портал прозорци и врати од ПВЦ шесткоморен профил и термопан стакло.

Реконструкцијата е финансирана од буџетот на Општина Бутел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот