5 C
Скопје

Реконструкција на Кејот, со привилегии: Ќе се уриваат летните тераси, ќе се движат само возила на „Телеком“!?

Во следниот месец ќе почне отстранување на летните тераси  на Кеј 13 Ноември, со што всушност ќе стартува реконструкција на овој атрактивен простор на потегот од „Холидеј ин“ до зградата на „Телеком“.

– На оваа тема остварени се поголем број средби со сопствениците на локалите и презентирани им се сите планови и проекти. Разговарано е за пронаоѓање на оптимално решение во интересе на сите, но Градот Скопје нема да прави компромиси околу слободниот јавен простор и репрезентативност на кејот – објаснуваат од Градот.

Откако ќе заврши реконструкцијата ќе се дозволи само технички сообраќај  до објектите кои се таму.

– Од аспект на сообраќајот, минатиот состав на Градската администрација со одлука на Советот на Град Скопје, Македонски Телеком го ослободи од обврската да гради подземна сообраќајница, па оттаму мора да се обезбеди пристап до објектот преку кејот. По завршувањето на реконструкцијата на Кејот, нема повеќе да се дозволува безредија и влез на било кој, туку ќе се дозволи само технички сообраќај за објектите кои се тука, за точно определен број возила и во точно определено време – велат од Град Скопје.

Прочитајте и...  Угостителите и индустријата за организирање на свадби утре повторно излегуваат на протест

 

Поврзани вести

Затворени угостителски објекти во Радовиш и во Кичево

Слободен печат

Артан Груби: Одлуката на Меџити е лична, ја почитувам

Дестан Јонузи

Гостиварец нападнал медицинско лице и кршел инвентар во болница

Слободен печат

ВИДЕО: Кинеските регулатори ја истражуваат тепачката меѓу пилот и стрјуард: Едниот заврши со скршена рака, а другиот со скршен заб

Слободен печат

Издавачката куќа „Арс Ламина“ донираше книги на членките на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ

Слободен печат

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 546 пациенти, слободни кревети има

Слободен печат

Остави Коментар