Рекламација на производи од 847 милиони долари: Ј. Кореја купи четири дрона од САД, два со дефекти

Фото: EPA/ARMIN WEIGEL

Јужна Кореја констатира дефекти во две од четирите беспилотни летала RQ-4 Global Hawk што ги купи од САД, јави Јонхап, повикувајќи се изјава на владин службеник, кој побарал да не биде именуван. Пронајдено е истекување на масло во опремата за слетување на еден авион, а друг имал проблем со контролниот сензор, изјавил официјалниот претставник.

Според извор од одбраната, јужнокорејските воени власти се консултираат со американската одбранбена компанија „Нортроп Груман“, производител на напредни беспилотни летала со далечинско управување за надзор на голема надморска височина.

Јужна Кореја откри дефекти во два од четири дрона RQ-4 Block 30 Global Hawks купени за 847 милиони американски долари. Првиот пристигна во декември минатата година, а испораката на останатите заврши во септември оваа година.

Засега е непознато дали дефектот постоел за време на доставувањето или настанал за време на експлоатацијата.

Војската планира да ги распореди дроновите во втората половина на следната година, по подготвителните процедури, рече изворот.

– Веруваме дека ќе нема проблем да се стават во нормална работа до целниот период”, рече официјален претставник на воздухопловните сили, одбивајќи да наведе детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот