Рекa: Приближување кон ЕУ, држава без дискриминација

фото МИА

Приближување кон ЕУ,  држава без дискриминација во која владее законот, како и продолжување на работата на Специјалното јавно обвинителство се дел од пораките на кандидатот за претседател, Блерим Река кои вечерва ги испрати на митингот во Струга.

Доколку биде избран за претседател на државата, тој пред стружани посочи дека ќе ги реши сите проблеми со соседите, бидејќи, како што рече, една од неговите пароли е „нула проблеми со соседите”.

– Ќе работам на тоа да не завршиме како празна држава, бидејќи до сега една четвртина од населението ни се исели. Сите анализи на Светската банка говорат дека до 2040 година ако не направиме некоја поголема промена во социјалните и другите политики, можеме да завршиме со половина помалку населнеие од сега, истакна Река.

Со своите глобални политики, додаде, ќе ја приближи земјата кон ЕУ.

– Пред стружани испратив универзални пораки за универзални вредности за републиката која е една и за сите, во која нема дискриминација на никаква основа, ни на верска, ни на етничка. За една република на рамноправни граѓани, за една република во која владее законот, а не поединецот и за една република која не трпи политизирано судство, непотизирана јавна администрација и сигурно нема да трпи политички пазари на партиите за да се укине Специјалното јавно обвинителство. Тоа треба да продолжи затоа што СЈО е гарант на начелото на владеење на правото, посочи Река.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот