Река на митинг во Кичево го објасни значењето на својот концепт „За република” – Слободен печат
ВестиМакедонија

Река на митинг во Кичево го објасни значењето на својот концепт „За република”

Тој упати критики до градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, бидејќи, како што рече, не е присутен на собирот.

– Во држава каде што граѓаните не се чувствуваат еднакви и каде имаме неодговорни политичари, како во изминативе 18 години, а тоа предизвика голем егзодус, треба да ги смениме нештата – истакна вечерва во Кичево, претседателскиот кандидат на Алијанса на Албанците и Движењето Беса, Блерим Река.

Река, на митингот најдолго говореше за неговиот концепт „За република”, што во основа за него значи правна држава за сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или која било друга припадност.

Тој упати критики до градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, бидејќи, како што рече, не е присутен на собирот.

Претседателскиот кандидат истакна дека тој со неговиот концепт порачува сите да бидат еднакви.

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, нагласи дека Албанците ќе гласаат со дигнитет за концептот „За република”, што го нуди Река.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close