Река: Дојде времето претседател на државата да биде Албанец

фото: МИА

Не убедуваа во комунизмот и сега сé уште не убедуваат дека тоа не може, но сега дојде времето претседател на државата да биде Албанец и тоа треба да го поддржите на претстојните избори. Со овие зборови кандидатот за претседател Блерим Река го побара гласот од гостиварци на предизбориниот митинг во Гостивар.

Река кој е поддржан од Алијансата за Албанците и движењето БЕСА, во неговото обраќање во Ценатрот за култура АСНОМ ги критикуваше активностите на владината коалиција за евроинтеграциите. Тој напомена дека тие немаат доволно капацитет да се справат со предизвикот и препораките кои биле дадени од Брисел. Реформите во судството, законот за јавното обвинителство, деполитизарање на администрацијата и елминирање на непотизмот се дел од тие препораки.

– Дури и да добиеме датум за преговори, партиите на власт и институциите немаат ниту волја, а ни капацитет да ги исполнат условите кои ни беа поставени во Брисел. Тоа ние го зборувавме, а сега и самите партии кои се на власт тоа го признаваат деновиве, рече Река.

Членството во НАТО, според Река, е завршена работа и тој смета дека процесот конечно ќе заврши идната година, но треба да се води сметка и за потребите на народот.

– Ние сакаме да ја спречиме тенденцијата на иселување на младите од земјава. Што ќе ни се концепти за ЕУ и НАТО кога ќе завршиме со петстотини илајди жители помалку, потенцира Река.

Пред сопартијците и симпатизерите на Алијансата за Албанците се обрати и лидерот Зијадин Села кој ги критикиваше политиките на ДУИ кои, според него, не ги застапуваат интересите на Албанците во Македонија.

– Блерим Река е најподготвениот кандидат за претседател и ја ужива довербата на сите заедници, затоа да излеземе на 21 април и со вашиот глас да ја валоризиме победата, рече Села.

Лидерот на движењето БЕСА, Биљал Касами во обраќњето нагалси дека Албанците треба масовно да го поддржат нивниот кандидат, а не, како што рече, гласовите да се трошат на други кои не се грижат за интересите на Албанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот