Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво

EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп оваа година падна на најниско ниво откако во четвртокот беше објавена редигирана верзија на извештајот на специјалниот обвинител Роберт Милер, во рамки на истрагата за руско мешање во изборите во САД во 2016 година.

Според анкетата на институтот „Ипсос“ и агенцијата „Ројтерс“, спроведена непосредно по објавувањето на извештајот, рејтингот на Трамп е намален – односно од четврток попладне до петок изутрина изгубил три отсто од довербата на гласачите и сега изнесува 37 проценти.

Рејтингот на американскиот претседател беше 43 отсто откако главниот обвинител Вилијам Бар минатиот месец објави резиме од извештајот на Милер. Според новата анкета, 50 отсто од испитаниците сметаат дека Трамп или некој од изборниот штаб соработувал со Русија за да влијае на резултатите од претседателските избори. Испитувањето на јавното мислење покажува дека 58 проценти од анкетираните се согласни дека тој се обидел да ја спречи истрагата за руското влијание на неговата администрација, 40 проценти веруваат дека Трамп треба да биде отстранет од функцијата, додека 42 отсто се против тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот